Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Главен град на државата е Скопје со население од 506.926 граѓани (проц. 2004).
Во 1993 година, Македонија стана членка на Обединетите нации, но поради спорот со името кој го води со Република Грција, примена е под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија. Македонија е членка и на советот на Европа. Од декември 2005 година исто така е и кандидат за приклучување кон Европската Унија и има аплицирано за приклучување кон НАТО.
- Географија
Република Македонија има површина од 25.713 км² и нема излез на море. Република Македонија на исток граничи соРепублика Бугарија, на север со Република Србија, на запад со Република Албанија и на југ со Република Грција. Должината на државните граници изнесува вкупно 766 km, и тоа:
Топографска карта на Македонија. |
- Република Грција 246 км
- Република Србија ( со Косово) 221 км
- Република Албанија 151 км
- Република Бугарија 148 км
Значењето на географската положба на Република Македонија, како централна балканска држава која се граничи со четири држави, различни по својот стопански потенцијал и развиеност, е што тие се упатени на меѓусебна трговска размена и дополнување на нивните економии, токму преку територијата на Република Македонија.
Следната табела ја наведува точната географска положба на Македонија. Исто така, во неа се вклучени крајните точки на територијата.
СГШ | ИГД | месност | општина | |
---|---|---|---|---|
север | 42°22' | 22°18' | Аништа, Дукат Планина | Крива Паланка |
југ | 40°51' | 21°08' | Маркова Нога (граничен камен 177) | Ресен |
исток | 41°43' | 23°02' | Ченгино Кале (граничен камен 47) | Пехчево |
запад | 41°31' | 20°28' | Кестењар (граничен столб Е16/8) |
Дебар
|
-Релјеф
Македонија е земја која што е заградена во нејзините граници и не излегува на море или океан. Таа географски е дефинирана со долината која што ја формира најголемата река на нејзината територија - Вардар, која се граничи со повеќе планински вериги. Во главно земјиштето е нерамно и лоцирано меѓу Шар Планина и Осогово кои се границата на долината на реката Вардар. Трите најголеми природни езера во државата се: Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Тие лежат на јужната граница, и се поделени меѓу границите со Албанија и Грција. Охридското Езеро се смета за едно од најстарите езера и биотопи во светот. Регионот е сеизмички активен и во минатото се случиле многу катастрофални земјотреси, од кои најблизок е скопскиот земјотрес од 1963 кој сруши 80% од градот Скопје и уби околу 1.000 луѓе. Најголема котлина е Пелагонија на која се одгледуваат многу култури специфични за ова климатско подрачје, како на пример тутунот кој најмногу се одгледува во околината на Прилеп.
Македонија исто така има и „сценски“ планини. Тие припаѓаат на две различни планински вериги: првата се планините одшарскиот предел која се надоврзува со западновардарската/пелагониска група на планини (Баба Планина, Ниџе, Кожуф иЈакупица) исто така позната како динарска верига. Втората верига е планинскиот ланец Осогово-Беласица, позната под името родопска верига. Планините во западниот дел се помлади и повисоки во однос на оние од источниот дел на земјата.
- Демографија
Според пописот од 2002 год., вкупното попишано население во Република Македонија изнесува 2.071.210 жители од кои:
|
Бројот на домаќинствата изнесува 564.296, а на становите 698.143. Во вкупното население од 2.022.547 лица, населението на возраст до 19 години брои 591.702 лица, додека со 60 и повеќе години има 303.534 лица. Лицата на возраст од над 65 години опфаќаат 10,57 % во вкупното население, додека младата популација од 0 до 14 години е застапена со 21,08 проценти.
No comments:
Post a Comment